ПРВ.мк
Балкан

Првпат откриено: ШТО ПРАВЕЛА И КАКО СЕ ОДНЕСУВАЛА ЦЕЦА ДОДЕКА БЕШЕ ВО ЗАТВОР

Првпат откриено: ШТО ПРАВЕЛА И КАКО СЕ ОДНЕСУВАЛА ЦЕЦА ДОДЕКА БЕШЕ ВО ЗАТВОР
Kristal

Дваесет години по нејзиното апсење во акцијата „Сабља“, конечно се откриваат досега непознати детали за тоа како изгледале деновите на Светлана Цеца Ражнатовиќ зад решетки. Поранешна чуварка од Централниот затвор во Белград за првпат проговори и опиша како се однесувала пејачката во тие четири месеци што ги поминала во притвор.

„Цеца немаше никакви привилегии, беше третирана исто како сите други. Често плачеше, беше видно вознемирена, а еден ден – од лутина и нервоза – сама си ја искуба косата. Некое време беше сама во ќелија, потоа ја преместија со други затворенички, но таа молеше да ја оставиме сама. Тешко ѝ паѓаше што не можеше да запали цигара кога сака, а често нè викаше да ја замолиме за песна во замена за цигара“, открива чуварката.

Познатата пејачка била приведена во 2003 година под обвинение за нелегална продажба на фудбалери од клубот Обилиќ и поседување оружје без дозвола. За тоа време, Цеца го поминувала најтешкиот период во животот, далеку од своите деца и без луксузот на сцената.

Во интервју за „Телеграф“, Цеца искрено призна дека затворот ја оставил со трајни лузни: „Не би посакала ни на најголемиот непријател да го доживее тоа. Беше неправда, огромна сатанизација на мојата личност. Но успеав да преживеам, затоа што сум силна жена. Човек не знае колку може да издржи додека не му се случи нешто вакво. Овие лузни ќе ги носам цел живот.“

Иако поминаа две децении, јавноста и понатаму е опседната со приказната за „четирите месеци зад решетки“ на Цеца – период кој, според неа, целосно ја променил како човек и жена.

Escape