ПРВ.мк
Балкан

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ: Полицијата бара исчезнато дете - еве каде последно е видено!

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ: Полицијата бара исчезнато дете - еве каде последно е видено!

Седумгодишно момче исчезнало вечерва во улицата Бабиќки одреди во Ниш, откако, според првичните информации, излегло од дворот додека си играло со својот брат близнак.

Семејството наведува дека децата ја отвориле капијата, по што едното момче излегло на улица. Во моментот на исчезнувањето, детето било облечено во темно сина пижама и наводно кажало дека му се спие.

Веднаш по пријавата, во потрагата се вклучени голем број полициски службеници, а активирана е и Горска служба за спасување Србија, чии екипи помагаат во пребарувањето на теренот.

Според надлежните, се врши детална претрага на околината и улиците во близина, а апел е упатен до граѓаните доколку имаат какви било информации веднаш да ја известат полицијата.