ПРВ.мк
Балкан

ВУЧИЌ ПО 20 ГОДИНИ СЕ ВРАЌА ВО СОБРАНИЕТО: „Јас го читам Деловникот, Ана ме подучува“

ВУЧИЌ ПО 20 ГОДИНИ СЕ ВРАЌА ВО СОБРАНИЕТО: „Јас го читам Деловникот, Ана ме подучува“

Александар Вучиќ по 20 години повторно се враќа во пратеничките клупи на Народното собрание на Србија, чија конститутивна седница е закажана за утре, 17 ноември.

Во пресрет на седницата, Вучиќ објави видео на социјалните мрежи во кое заедно со Ана Брнабиќ го разгледува Деловникот за работа на парламентот.

„Јас го читам Деловникот, Ана ме подучува. Мислам дека поминаа 20 години откако последен пат бев пратеник. Оттогаш немав допир со Деловникот, па сега учам кои се правата, а кои обврските“, изјави Вучиќ.

Тој на шеговит начин призна дека по толку долг период повторно мора да ги обнови знаењата за собраниските процедури.

„Имам добар учител, а со добар учител сè полесно се совладува“, порача Вучиќ.

Тој најави дека неговата пратеничка група ќе настапува пристојно и достоинствено, со акцент на одговорноста и стабилноста на државата.

„Ќе се однесуваме пристојно, достоинствено, како горди, сериозни и одговорни луѓе и ќе ја чуваме стабилноста на државата“, истакна тој.

Во разговорот се пошегува и дека Ана Брнабиќ и Миленко Јованов ќе седат во негова близина за да му помогнат доколку има потреба.

Брнабиќ, пак, откри дека Вучиќ сериозно пристапува кон подготовките.

„Луѓето треба да знаат дека е вистински бубалица. Најмногу на светот сака да учи и секој ден учи нешто ново“, изјави таа.

Вучиќ ќе биде шеф на пратеничката група на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“.

Конститутивната седница на новиот состав на српското Собрание е закажана за вторник, 17 ноември, во 10 часот, кога треба да бидат потврдени пратеничките мандати и да започне изборот на собраниското раководство.