ПРВ.мк
Балкан

„Парадоксот е во тоа што на Вучиќ му е помал проблем да ја предаде власта отколку ним да ја преземат, бидејќи едноставно немаат луѓе“

„Парадоксот е во тоа што на Вучиќ му е помал проблем да ја предаде власта отколку ним да ја преземат, бидејќи едноставно немаат луѓе“

По убедливата победа на Студентската листа на парламентарните избори во Србија, вниманието се насочува кон претстојните претседателски избори, кои треба да се одржат до крајот на годината.

Политичките аналитичари оценуваат дека студентското движење има големи шанси да оствари уште една победа, но предупредуваат дека преземањето на државните институции ќе биде значително потежок предизвик.

Хрватскиот политички аналитичар Жарко Пуховски смета дека кандидатот на Студентската листа најверојатно ќе победи и на претседателските избори.

„Вучиќ ги потисна сите на својата страна. Таму нема никој што би можел да биде сериозен кандидат освен него, а тој повеќе не може да се кандидира“, оценува Пуховски.

„Немаат доволно луѓе за преземање на власта“

Сепак, според Пуховски, најголемиот проблем за студентското движење допрва следува.

„Парадоксот е што на Вучиќ му е помал проблем да ја предаде власта отколку ним да ја преземат, бидејќи едноставно немаат луѓе“, изјави аналитичарот.

Тој објаснува дека за управување со институциите се потребни десетици квалификувани кадри, а јавноста сè уште не знае кои личности ќе ги преземат клучните функции.

Аналитичарите предвидуваат резултат 2:0

И аналитичарот Божо Ковачевиќ очекува победа на Студентската листа на претседателските избори, нагласувајќи дека новата власт би требало да ја врати извршната моќ во Владата и парламентот.

Од друга страна, Денис Авдагиќ предупредува дека е прерано за сигурни прогнози бидејќи претседателските кандидати сè уште не се познати.

Политичката аналитичарка Јадранка Половиќ истакнува дека студентското движење е составено од различни политички струи, што може да го отежне формирањето влада.

Според аналитичарите, следните два месеца ќе бидат клучни за политичката иднина на Србија – не само поради претседателските избори, туку и поради способноста на победниците да воспостават функционална власт.