ПРВ.мк
Балкан

Новa снимка од нападот врз телевизијата „Информер“: Одекнала експлозија, повреден снимател пред зградата

Новa снимка од нападот врз телевизијата „Информер“: Одекнала експлозија, повреден снимател пред зградата

Нова снимка од надзорните камери го прикажува моментот на нападот врз зградата на српската телевизија „Информер“, при кој бил повреден снимател со иницијали К.М.

Според српските медиуми, кон објектот биле фрлени пиротехнички експлозивни средства, а еден од вработените се здобил со сериозно оштетување на слухот.

На видеото се гледа како снимателот стои пред зградата и се упатува кон влезот, кога одеднаш одекнува силна експлозија. Тој веднаш се фаќа за главата.

Како осомничен за нападот е посочен Александар Митровиќ, кој бил задржан од обезбедувањето на телевизијата, а потоа предаден на полицијата.

Според објавените информации, кај него биле пронајдени бибер-спреј, торбичка, маска и ракавици.

Околностите и мотивите за нападот допрва треба да бидат целосно утврдени.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Најнови вести