ПРВ.мк
Македонија

Денеска облачно со дожд и магла, температурите до 20 степени – еве какво време нè очекува следната недела

Денеска облачно со дожд и магла, температурите до 20 степени – еве какво време нè очекува следната недела

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува денеска низ Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во претпладневните часови во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од 6 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со можност за слаба магла претпладне и повремен дожд во делови од котлината во попладневните часови. Температурата ќе достигне до 17 степени.

Какво време нè очекува следната недела?

Според најавите на синоптичарите, во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно, но претежно стабилно време.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој утре и во вторник повремено ќе се засилува на одредени места долж Повардарието.

Најнови вести