ПРВ.мк
Балкан

Политички земјотрес во Србија: По 12 години на власт, Вучиќ најави заминување од претседателската функција

Политички земјотрес во Србија: По 12 години на власт, Вучиќ најави заминување од претседателската функција

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка, со што ќе се отвори патот за одржување предвремени претседателски и парламентарни избори во Србија. Најавата доаѓа по повеќе од една година масовни антивладини протести што започнаа по трагедијата во Нови Сад во ноември 2024 година, кога при уривање на настрешница на железничката станица загинаа 16 лица.

Вучиќ, кој веќе 12 години ја извршува функцијата премиер или претседател, изјави дека ќе продолжи да ја поддржува Српската напредна партија на претстојните избори и предложи нејзината изборна листа да го носи името „Обединета Србија“.

Тој засега не откри точен датум кога ќе ја поднесе оставката ниту кога ќе биде распуштен парламентот, што е неопходен чекор за распишување предвремени избори.

Политичките аналитичари оценуваат дека, и покрај најавеното повлекување од претседателската функција, Вучиќ би можел да остане еден од клучните политички фактори во земјата, а не ја исклучуваат можноста повторно да се кандидира за премиер доколку неговата партија освои парламентарно мнозинство.

Во меѓувреме, студентските организации и опозициските партии најавуваат дека ќе продолжат со политичкиот притисок и активно ќе учествуваат на претстојните избори.