ПРВ.мк
Балкан

Горивата го тресат регионот - Како реагираат земјите во регионот на поскапувањето?

Горивата го тресат регионот - Како реагираат земјите во регионот на поскапувањето?
Kristal

Енергетската криза повторно ја стави темата за горивата во фокус низ целиот регион. Причината е иста – војната со Иран, растот на цените на нафтата и стравот од прекин во снабдувањето – но реакциите на државите се значително различни.

Словенија воведе рестрикции Словенија прва реагираше со конкретни ограничувања. На 22 март воведе привремени мерки за точење гориво, откако на дел од бензинските пумпи се појавија недостиг, долги редици и дури затворања. Владата дозволи максимум 50 литри дневно за приватни возила и 200 литри за компании и приоритетни корисници. Премиерот Роберт Голоб изјави дека проблемот е во дистрибуцијата, а не во резервите. Во транспортот на гориво е вклучена и армијата, а најавени се и истраги.

Србија со силна државна интервенција За разлика од Словенија, Србија избра поагресивен економски пристап. Властите ги намалија акцизите за горивата и суровата нафта, а претседателот Александар Вучиќ најави намалување до 60 проценти за стабилизација на пазарот. Дополнително, забраната за извоз на нафта, дизел и бензин е продолжена до 2 април, додека од државните резерви се ослободува дизел за да се избегне недостиг и ценовен удар. Србија и претходно ги контролира цените на горивата на неделно ниво.

Хрватска како клучна транзитна точка Хрватска засега не воведува рестрикции, туку има важна улога во регионалната логистика. Загреб се позиционира како транзитен центар за снабдување, особено преку Јадранскиот нафтовод, кој може да обезбеди нафта за Унгарија и Словачка по нарушувањата на рутата „Дружба“. Во исто време, компанијата MOL поднесе жалба до Европската комисија за ценовната политика на операторот Janaf, што покажува дека кризата има и поширока економска димензија.

Регион под ист притисок Иако ситуацијата не е идентична во сите земји, целиот регион е под ист притисок – поскапа нафта, нарушени транспортни рути и ризик од енергетска нестабилност. Меѓународен монетарен фонд веќе предупреди дека растот на цените на енергенсите може да ја зголеми инфлацијата и да го забави економскиот раст. Во меѓувреме, цената на Брент нафтата веќе ја надмина границата од 100 долари за барел.

Во наредните денови ќе биде клучно дали кризата ќе се смири или ќе принуди уште држави да воведат ограничувања и контроли. Ако цените продолжат да растат, горивата повторно може да станат една од најжешките теми во регионот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo