Вчера нешто пред 21:00 часот во Србија се случи сериозна сообраќајна несреќа на обиколница, при што патничко и товарно возило се судрија. Во трагичниот инцидент животот го загуби поранешната српска тенисерка Татјана Јечменица.
Автомобилот во кој се наоѓала Јечменица се движел наназад кога во него удрил камион. Татјана починала на лице место, додека нејзиниот сопруг се здобил со тешки повреди и итно бил пренесен на лекување. Пожарникарските екипи интервенирале веднаш и успеале да ги извлечат сопружниците од уништеното возило.
Јечменица во врвот на својата кариера била рангирана на 72. позиција на ВТА-листата, а по завршувањето на професионалното играње работела како селекторка на женската репрезентација во ФЕД Купот, пренесувајќи го своето искуство на новите генерации тенисерки.
Овој трагичен инцидент ја потресе тениската јавност и љубителите на спортот во регионот.

















