Снима од белградски ресторан стана вистински хит на социјалните мрежи – братот на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Драган Чолиќ, запеа пред публиката и покажа дека музичкиот талент навистина тече во семејната крв.
На видеото кое се шири со неверојатна брзина, се гледа како Драган запева со вистинска емоција и харизма, оставајќи ги присутните без зборови. Пејачот Нено Муриќ, кој во тој момент настапувал, му го подал микрофонот, а Драган ја изведе познатата песна „А ти си остала сама“.
„Здравко Чолиќ е легенда, но и неговиот брат одлично пее… послушајте!“ – напиша Муриќ на својот профил, споделувајќи го моментот кој за кратко време стана вирален и предизвика вистинска лавина од реакции.
Под видеото се нижат коментари – фановите се воодушевени од неговиот топол глас, ведрина и енергија, а многумина забележаа дека физичката сличност меѓу двајцата браќа е неверојатна. Дел од корисниците велат дека „талентот на Здравко е ненадминлив, но дека Драган има истата таа магија и шарм“.
Инаку, Драган Чолиќ живее во Белград, каде поседува позната ќебабџилница со оригинален сараевски рецепт, што, како што вели, го наследил од прочуениот мајстор Хоџиќ. Иако тргнал по поинаков животен пат од својот славен брат, нивната блискост и меѓусебна поддршка останале цврсти, особено по смртта на нивната мајка.
Овој необичен настап само потврди дека талентот и харизмата на семејството Чолиќ се нешто што не може да се научи – се раѓа со нив.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА
















