ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) МЕДИТЕРАНОТ ГОРИ - Нови жаришта, стигна и смс наредба за евакуација

(ВИДЕО) МЕДИТЕРАНОТ ГОРИ - Нови жаришта, стигна и смс наредба за евакуација

На грчкиот остров Сирос денес избувна нов шумски пожар во областа Амбела, каде што гори ниска вегетација и сува трева. Поради силниот ветер, огнот брзо се шири, што го отежнува гаснењето и ја зголемува опасноста за околните населени места.

Грчката противпожарна служба соопшти дека на терен се ангажирани копнени и воздушни сили. Во гаснењето учествуваат десетици пожарникари со возила, како и два авиони и три хеликоптери кои постојано надлетуваат над критичните точки.

Во акцијата се вклучени и доброволци, како и цистерни од локалните самоуправи. Надлежните служби испратиле и истражители за да се утврди причината за избувнувањето на пожарот.

Поради брзото ширење на огнената стихија, преку системот за итни предупредувања 112, на жителите на загрозените подрачја им било наредено итно да се евакуираат и да се упатат кон побезбедни зони.

Во меѓувреме, дополнителен пожар избувнал и на островот Евија, каде што исто така биле ангажирани голем број пожарникарски екипи. Силните северни ветрови и високите температури дополнително ја влошуваат состојбата и придонесуваат за нови жаришта.

Грција и ова лето се соочува со серија шумски пожари, кои властите и експертите ги поврзуваат со долготрајните суши и климатските промени.

ВИДЕО