Хрватскиот град Сплит најави дека ќе воведе забрана за продажба на алкохол во продавниците, киосците и специјализираните продавници во ноќните часови, со цел да се намалат нарушувањата на јавниот ред и мир и да се подобри квалитетот на животот на жителите. Мерката нема да важи за кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти.
Според најавите, ограничувањето ќе се однесува на продажбата на алкохол од 20:00 до 06:00 часот, а локалните власти ќе имаат можност самостојно да одлучуваат дали ќе ја применуваат оваа мерка, согласно измените на Законот за трговија.
Градските власти објаснуваат дека целта е да се намалат бучавата, вандализмот и проблемите што најчесто се јавуваат во туристичката сезона, особено во централните градски подрачја. Доколку мерката даде резултати, не е исклучено вакви ограничувања да бидат воведени и во други хрватски градови.









