ПРВ.мк
Балкан

Македонец уапсен во Подгорица – истрагата открива шокантни детали

Македонец уапсен во Подгорица – истрагата открива шокантни детали
Kristal

Основното државно обвинителство во Подгорица одреди мерка притвор во траење од 72 часа за двајца осомничени – српскиот државјанин Е.Х. и македонскиот државјанин Б.С. Тие се сомничат дека во текот на месец ноември извршиле повеќе тешки кражби со провала во различни угостителски, комерцијални и деловни објекти на подрачјето на Подгорица.

Според информациите од обвинителството, двојката имала јасно поделени улоги при извршувањето на кражбите. Е.Х. физички влегувал во објектите и одземал пари, додека Б.С. ја контролирал околината и се грижел да не бидат откриени за време на извршувањето на делото. По завршувањето на кражбите, наводно ја делеле противправно стекнатата корист.

Освен за кражбите, против Е.Х. се води и дополнителна постапка поради сомневање за фалсификување документи. При апсењето, кај него биле пронајдени важечки документи издадени од Србија, но и други документи за кои постои сомнеж дека се фалсификувани. Исто така, било утврдено дека по него е распишана меѓународна потерница, што дополнително ја усложнува истрагата.

Од Основното државно обвинителство информираат дека двајцата осомничени се приведени поради висок ризик од бегство и можност да го продолжат кривичниот прогон.

FixCredit
Atensa 300
Escape