ПРВ.мк

Први фотографии од авионот што се урна во Германија: Од пламенот извлечено живо дете

Први фотографии од авионот што се урна во Германија: Од пламенот извлечено живо дете
VERO Banner

Мал авион, во кој според првичните информации се наоѓале пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урна на поле во близина на Бон, Германија.

Девојчето (6) било извлечено од запалената олупина и со тешки повреди пренесено во болница, додека нејзиниот татко (51) не успеал да преживее.

Според германските медиуми, загинатиот маж бил од Келн. Тој вчера попладне со својата ќерка полетал од аеродромот Хангелар. Несреќата се случила набргу по полетувањето, а очевидци сведочат дека леталото се запалило веднаш по уривањето.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека пожарот целосно ја уништил кабината. Човекот кој прв притрчал да помогне исто така се здобил со повреди и бил хоспитализиран.

На местото на несреќата брзо пристигнале повеќе противпожарни екипи, три спасувачки хеликоптери и неколку медицински тимови. Истражните органи работат на утврдување на причините за падот на авионот.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран