ПРВ.мк
Топ Вести

СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА: Исклучувањата ќе траат и до седум часа – проверете дали сте на списокот!

СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА: Исклучувањата ќе траат и до седум часа – проверете дали сте на списокот!

Повеќе населби во Скопје денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.

Најдолгиот прекин е предвиден во општина Аеродром, каде што од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Тодор Чангов“. Исклучувањето ќе трае седум часа, а е дел од планираните активности за одржување и подобрување на мрежата.

Во општина Гази Баба, од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Методија Андонов Ченто“, објектите во близина на ЗПЗ „Напредок“, сендвичарата „Хит“, како и објектите на потегот од местото викано Триангла до надвозникот кон Ченто.

Во општина Карпош, прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен од 09:00 до 13:00 часот. Без струја ќе останат објектите на улицата „Вангел Динуи“, како и дел од непарните броеви на улицата „Франце Прешерн“.

Во општина Ѓорче Петров, од 09:30 до 14:30 часот електрична енергија нема да имаат дел од жителите на улиците „Браќа Чакреви“ и „Социјалистичка зора“.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да имаат предвид дека прекините се поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, со цел нејзино посигурно и постабилно функционирање.

Најнови вести