ПРВ.мк
Топ Вести

НЕОФИЦИЈАЛНО: Ормутскиот теснец е затворен - ќе има ли историски раст на цената на нафтата?

НЕОФИЦИЈАЛНО: Ормутскиот теснец е затворен - ќе има ли историски раст на цената на нафтата?
Kristal

Цената на нафтата на светските берзи бележи значителен пораст поради ескалацијата на конфликтот со Иран. Во фокусот на загриженоста е Ормускиот теснец, еден од најважните поморски премини за глобалната трговија со нафта.

Преку овој теснец, како и преку делови од Црвеното Море, дневно транзитираат повеќе од 17 милиони барели нафта – околу 20% од светското снабдување. Според неофицијални информации, преминот е затворен за танкери, а иранската Револуционерна гарда испраќа предупредувања дека ниту еден брод не смее да минува низ теснецот.

Енергетските експерти предупредуваат дека дури и краткотрајно попречување на сообраќајот може да предизвика нагло поскапување на барелот и сериозни нарушувања во снабдувањето. Ваквите потреси не би се одразиле само на земјите од Блискиот Исток, туку и на глобалниот пазар.

Можни последици врз економијата

Зголемувањето на цената на суровата нафта директно ќе влијае и врз домашниот пазар – горивата ќе поскапат, што ќе ги зголеми трошоците за транспорт и ќе се одрази врз цените на производите и услугите.

Осцилациите на нафтениот пазар имаат пошироки економски ефекти: раст на производствените трошоци, забрзување на инфлацијата и дополнителен притисок врз државните буџети. Според проценки на меѓународни агенции, секое зголемување од 10 долари по барел може да предизвика раст на цените на горивата за 5–7%.

Состојбата околу Ормускиот теснец се смета за една од најкритичните точки за глобалното снабдување со енергенси, а финансиските пазари внимателно ги следат понатамошните геополитички случувања.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo