САД и Израел утрово започнаа масовни напади врз Иран, насочени кон воени, разузнавачки и владините цели на земјата. Во одговор, Исламската Република Иран изврши напади врз Израел и американски воени бази во регионот на Блискиот Исток.
Според извори на иранската опозиција, меѓу погодените објекти биле:
- Министерство за разузнавање
- Министерство за одбрана
- Канцеларии на високи воени команданти
- Организација за атомска енергија на Иран
- Воена база Парчин
- Резиденција на врховниот лидер
- Владини и правосудни згради
Градовите каде наводно биле извршени нападите се: Техеран, Лорестан, Алборз, Табриз, Ком, Чабахар, Керманшах, Ардабил, Хорамабад, Урмија, Исфахан, Махабад, Бушер и Бандар Абас.
Ситуацијата во регионот е крајно напната и се очекуваат дополнителни реакции од двете страни.


















