ПРВ.мк
Топ Вести

МИЦКОВСКИ ОД БРИСЕЛ: Заслуживме ЕУ - но ова е причината зошто не сме уште таму!

МИЦКОВСКИ ОД БРИСЕЛ: Заслуживме ЕУ - но ова е причината зошто не сме уште таму!
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека зголеменото внимание на Европската Унија кон Западниот Балкан е позитивен сигнал и охрабрувачка порака за граѓаните од регионот. Според него, тоа јасно укажува дека Унијата има интерес за заедничката европска иднина, изјави тој при пристигнувањето на Самитот ЕУ–Западен Балкан што се одржува во Брисел.

Мицкоски нагласи дека Западниот Балкан природно и географски ѝ припаѓа на Европа и дека интеграцијата на регионот во Европската Унија е логичен и неопходен чекор. Тој потсети дека Македонија одамна го заслужила членството, бидејќи европскиот пат го започнала пред повеќе од две децении, но поради, како што рече, наметнати и вештачки пречки, процесот сè уште не е заокружен.

Премиерот истакна дека Владата останува целосно посветена на исполнување на сите обврски од пристапниот процес, не формално, туку во интерес на македонските граѓани, кои заслужуваат подобар животен стандард и европски вредности.

Тој додаде дека очекува билатералните прашања да не претставуваат пречка на европскиот пат, туку соседните земји да дадат поддршка за остварување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. Според Мицкоски, напредокот на државата треба да се мери врз основа на конкретни резултати и реформи, а не преку нерешени билатерални прашања.

На Самитот во Брисел, лидерите на земјите членки на Европската Унија и државите од Западниот Балкан разговараат за унапредување на стратешкото партнерство, постепената интеграција на регионот, Планот за раст, како и за прашања поврзани со надворешната политика, безбедноста и одбраната.

Во најавата на настанот се наведува дека Самитот претставува можност за потврда на силната соработка меѓу Унијата и Западниот Балкан, како и на конкретните придобивки што таа соработка ги носи за граѓаните.

FixCredit
Escape