ПРВ.мк
Топ Вести

КРВАВА НОЌ: Израелски напад однесе многу животи,меѓу кои и медицински персонал - ова е бројот на жртвите!

КРВАВА НОЌ: Израелски напад однесе многу животи,меѓу кои и медицински персонал - ова е бројот на жртвите!
Kristal

Најмалку 12 медицински работници, меѓу кои лекари и медицински сестри, загинале во израелски воздушен напад врз здравствен центар во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Нападот се случил во текот на ноќта во градот Бурџ Калавија, каде бил погоден главниот здравствен центар во регионот, пренесува Би-би-си повикувајќи се на либанските власти.

Ова е дел од серијата израелски напади во Либан, кои се интензивираа откако регионалниот конфликт меѓу Иран, Израел и САД ескалираше на почетокот на март.

Според локални извори, израелските воздушни напади во текот на ноќта погодиле и други цели во јужен Либан, вклучително патишта и мостови.

Во меѓувреме, Израел речиси ја удвоил зоната за евакуација на југот на Либан и ги повикал жителите да го напуштат регионот и да се упатат кон северниот дел од земјата.

Хуманитарните организации и либанските власти предупредуваат дека се соочуваат со сериозни тешкотии во згрижувањето на голем број раселени лица.

Тензиите во Либан растат во услови на интензивни судири меѓу Израел и Хезболах, шиитската вооружена група која има силна поддршка од Иран и која се вклучи во конфликтот по почетокот на војната меѓу Иран и сојузот на Израел и САД.

Во последните две недели судирите се проширија и на други делови од Блискиот Исток, вклучително Либан и Ирак, додека американските и израелските сили извршија повеќе напади врз ирански воени цели.

Поради ескалацијата и нападите врз инфраструктура и цивилни објекти, меѓународните организации сè почесто предупредуваат на ризик од поширока регионална војна.

Извор: Скопје1.мк

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo