Израел објави дека од стартот на воените операции против Иран, како и во јужен Либан и Бејрут, во земјата пристигнале околу 8.000 тони воена опрема, оружје и муниција.
Според информациите од Министерството за одбрана на Израел, транспортот на оваа опрема бил реализиран преку повеќе од 200 летови и поморски испораки, што укажува на обемот на логистичката поддршка за тековните воени операции.
Иако не се наведуваат конкретни земји како извор на вооружувањето, се претпоставува дека најголемиот дел од помошта традиционално доаѓа од Соединетите Американски Држави, кои се долгогодишен сојузник на Израел.
Од ресорното министерство нагласуваат дека оваа воена поддршка има клучна улога во одржувањето на оперативната подготвеност на армијата, особено во услови на проширени операции на повеќе фронтови.



















