Националното координативно тело за имплементација на Istanbul Convention одржа итна седница во проширен состав, со цел преземање конкретни мерки за спречување на насилството врз жените и семејното насилство.
Со седницата претседаваше заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Gjoko Velkovski, а присуствуваа и министерот за внатрешни работи Panče Toškovski, заменик-министерот за правда Viktor Dereban, како и претставници од Public Prosecutor's Office of North Macedonia, судовите, експерти, невладини организации и други надлежни институции.
Итноста на седницата произлегува по последниот трагичен настан во кој згаснаа два човечки животи, со цел подобрување на системот за заштита на жртвите и поефикасно гонење на сторителите.
На седницата беа разгледани и заклучоците од тркалезната маса организирана од Ministry of Internal Affairs of North Macedonia, на која институции, граѓански организации и академската заедница предложиле конкретни активности за зајакнување на механизмите за заштита.
Еден од главните заклучоци е формирање работна група со претставници од релевантни институции и граѓански организации која ќе подготви итни измени и дополнувања на повеќе закони, меѓу кои:
- Закон за полициски овластувања
- Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство
- Закон за социјалната заштита
- Закон за правда на децата
- Закон за бесплатна правна помош
- Закон за кривична постапка
- Закон за парнична постапка
- Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство
Предлог-измените треба во најкраток рок да бидат доставени до Националното координативно тело.
На седницата беше договорено и изготвување конкретни мерки и активности за подобрување на системот за заштита на жените жртви на насилство, кои ќе бидат вклучени во новата Стратегија и Акциски план за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.


















