ПРВ.мк
Топ Вести

УДАР НА РУСКАТА ФЛОТА: Зеленски објави санкции од историски размери - еве што и следи на Русија!

УДАР НА РУСКАТА ФЛОТА:  Зеленски објави санкции од историски размери - еве што и следи на Русија!
Kristal

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека стапија во сила санкции против речиси 700 бродови од руската флота, кои се користеле за транспорт на нафта и други енергетски деривати. Според него, овие бродови служеле како клучен канал за финансирање и продолжување на руската војна во Украина.

„Ова е значаен дел од руската флота што транспортира нафта и други деривати и обезбедува средства за војната. Ова е најголемиот пакет санкции против танкери и други бродови кои се користат за агресија“, истакна Зеленски.

Тој додаде дека санкционираните бродови пловеле под знамињата на повеќе од 50 земји, меѓу кои најчесто се Гамбија, Сиера Леоне, Панама и Камерун. Украина ќе им ги достави сите релевантни информации на овие земји и ќе соработува за да се спречи издавањето нови лиценци за овие бродови.

Зеленски истакна дека Киев ќе работи на тоа санкциите да опфатат секој од бродовите, компанијата што ги поседува, како и целата инфраструктура за извоз на руска нафта и други енергетски производи, со цел максимално да се ограничи финансирањето на руската агресија.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape