ПРВ.мк
Топ Вести

КРАЈ НА ,,НИЕ НЕ СМЕ НАДЛЕЖНИ" - Еве каде се поднесува приговор за прекршок од „Сејф сити“!

КРАЈ НА ,,НИЕ НЕ СМЕ НАДЛЕЖНИ" - Еве каде се поднесува приговор за прекршок од „Сејф сити“!
Kristal

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 прецизираше што треба да направат граѓаните доколку добијат известување за сообраќаен прекршок преку системот „Безбеден град“, а сметаат дека не го сториле.

Тој потенцираше дека досегашната пракса во одредени полициски станици, каде на граѓаните им било кажувано „не сме ние надлежни“ или „треба по место на живеење“, не е во согласност со законот.

Според министерот, законското решение е јасно: граѓанинот има право да поднесе приговор во било која полициска станица во државата – онаа што му е најблиска или најдостапна.

„Така е замислено и така ќе се имплементира. Секој полициски службеник, без разлика дали е во Берово, Делчево, Дебар, Гевгелија или на кое било друго место, е должен да го прими документот што граѓанинот ќе го достави“, истакна Тошковски.

Тоа значи дека секој писмен акт – приговор или било какво барање – мора да биде примен од страна на службеното лице. Понатамошната постапка се одвива внатре во системот на МВР, согласно процедурите и подзаконските акти.

Рок од 24 часа за одговор

Министерот нагласи дека според важечкиот подзаконски акт, полицијата има обврска во рок од 24 часа од поднесувањето на приговорот да го контактира граѓанинот на телефонскиот број што го оставил и да го извести за постапувањето.

Во меѓувреме, рокот за плаќање на казната со можност за плаќање на половина износ изнесува 8 дена.

Што е со шалтерот во МТВ?

МВР отвори посебен шалтер во Одделот за граѓански работи во зградата на Македонска телевизија во Скопје, но тој не служи за поднесување приговори.

Овој шалтер е наменет исклучиво за промена на контакт-податоците што граѓаните ги доставиле при регистрација на возилата – доколку има промена или доколку добиле известување со неточни информации. Работното време е секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот.

Истите измени може да се направат и во станиците за технички преглед низ државата каде што има деташиран референт од МВР.

Со ова појаснување, министерството испраќа порака дека граѓаните не треба да бидат враќани од шалтер на шалтер, туку имаат право на пристап и прием на приговор во било која полициска станица во земјата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape