ПРВ.мк
Топ Вести

Блискиот Исток со сериозен пад на производството на нафта - дали следи ново покачување?

Блискиот Исток со сериозен пад на производството на нафта - дали следи ново покачување?
Kristal

Енергетските пазари се соочуваат со нова фаза на неизвесност откако главните производители од Блискиот Исток масовно го ограничуваат нафтеното производство, додека виталната морска рута преку Ормутскиот теснец останува практично нефункционална, нарушувајќи глобалното снабдување.

Според информации од анонимни извори, Саудиска Арабија ја намали својата продукција од 4,5 милиони на околу 2,5 милиони барели дневно, додека Обединетите Арапски Емирати ја скратија извозната квота за 500.000 до 800.000 барели дневно. Кувајт и Ирак бележат падови од приближно 500.000 и 2,9 милиони барели дневно, со што снабдувањето од регионот драстично се ограничува.

Овој пресврт следува на ескалирачкиот конфликт во регионот, кој веќе влезе во втората недела и се прошири на повеќе од десетина држави. Главните нафтени рути се блокирани, а складиштата брзо се полнат, што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Реакцијата на пазарите беше моментална – цената на нафтата достигна околу 120 долари за барел во понеделникот. Во вторникот следеше благо намалување, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои надеж конфликтот да биде решен наскоро.

Од Сауди Арамко, засега нема официјален коментар, а извршниот директор Амин Насер при последниот извештај за профитите одбил да се осврне конкретно на нивото на производство, оставајќи ги пазарите во неизвесност.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo