ЈП Водовод и канализација известува дека денеска ќе има прекин на водоснабдувањето за дел од корисниците на Карпош.
Причина за прекинот е замена на затварач (шибер) ф100мм на улица Софиска бр.5.
Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на следните улици:
- Софиска
- Његошева
- Бриселска
- Копенхагенска
- Петар Драганов
- Столхомска
- Гаврил Лесновски
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот и ќе трае до завршување на работните активности.


















