Следната седмица, Македонија ќе биде под влијание на зголемена облачност со локални послаби врнежи од дожд, а во вторник се очекува и повремено засилен северен ветер.
На планините и повисоките места не е исклучена и појава на слаб снег.
Во Скопје и околината, времето ќе биде облачнo, со можност за слаб локален дожд и повремено засилен северен ветер.
- Температури во земјата: наутро од -2 до 6°C, преку ден од 10 до 17°C.
- Температури во Скопје: наутро од 3 до 4°C, преку ден од 14 до 15°C.


















