ПРВ.мк
Топ Вести

Русија и Иран поблиски од било кога – Путин ја појасни лојалноста!

Русија и Иран поблиски од било кога – Путин ја појасни лојалноста!
Kristal

Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака до иранското раководство, истакнувајќи дека Русија ќе остане лојален пријател и сигурен партнер на Техеран, во време на зголемени тензија и воени случувања на Блискиот Исток.

  • Во честитката по повод иранската Нова година, Путин се обрати до врховниот лидер Мојтаба Хамнеи и претседателот Масуд Пезешкијан, нагласувајќи дека Москва ќе ја продолжи поддршката во овие тешки времиња.
  • Кремљ оцени дека нападите на САД и Израел врз Иран го довеле регионот на раб на ескалација и предизвикале глобална енергетска криза, а Путин го осуди и убиството на иранскиот врховен лидер како „циничен чин“.

Сепак, обемот на реалната поддршка од Русија за Иран останува нејасен, бидејќи според ирански извори, Техеран досега не добил значајна конкретна помош во најтешката криза од Исламската револуција во 1979 година.

Во меѓувреме, во јавноста се појавија информации дека Русија наводно понудила на САД: да престане со споделување разузнавачки информации со Иран, доколку Вашингтон ја прекине поддршката за Украина, но Кремљ ги демантираше овие тврдења.

И покрај прогласеното стратешко партнерство меѓу Русија и Иран, тоа не вклучува клаузула за заемна воена одбрана, а Москва повеќепати нагласи дека не поддржува развој на нуклеарно оружје од страна на Иран поради ризик од широка нуклеарна трка на Блискиот Исток.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo