ПРВ.мк
Топ Вести

Живеел на социјална помош, а се возел во Порше - судот му изрече неверојатна казна!

Живеел на социјална помош, а се возел во Порше - судот му изрече неверојатна казна!
Kristal

Швајцарски суд во кантонот Вод донесе пресуда против 40-годишен украински државјанин, прогласувајќи го виновен за злоупотреба на социјална помош. Мажот, кој во последните три години примил околу 84.000 евра, добивал финансиска поддршка и покрај тоа што водел луксузен живот, што е во спротивност со неговиот статус на корисник на зголемена социјална помош.

Случајот излегол на виделина откако украинецот бил забележан патувајќи низ Европа со нов „порше кајен“ со кожни седишта, што директно покажува дека средствата не биле наменети за вистински животни потреби.

По спроведената истрага, судот утврдил дека бегалецот не ги исполнувал условите за примање на социјалната помош и дека средствата ги користел на спротивен начин од наменетата. Тој двапати се обидел да ја оспори одлуката, тврдејќи дека му е потребна финансиска поддршка за живот во Швајцарија, но судот ги отфрлил неговите жалби како неосновани.

Со конечната пресуда, судот му наложил целосно враќање на исплатените средства. Овој случај е оценет како пример за строга контрола на злоупотребите во системот на социјална заштита, а швајцарските власти најавуваат продолжување на засилените проверки за да обезбедат помошта да стигнува до оние на кои навистина им е потребна.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape