На 25.01.2026, околу 04:10 часот, на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“, патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (45) од Скопје, излетало од коловозот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил веднаш пренесен со возило на Итна медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде лекарите го констатирале смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

















