Министерството за внатрешни работи денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените камери за сообраќаен надзор во градовите Куманово и Тетово. Активностите ќе се одвиваат од 08:00 до 20:00 часот, а на секоја локација постапката ќе трае кратко, околу 15 до 30 минути.
МВР информира дека за време на тестирањето, сообраќајот на конкретната локација привремено нема да се пропушта, по што ќе продолжи нормално. Граѓаните и возачите се повикуваат да ги почитуваат привремените ограничувања и да покажат трпение и соработка.
Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, истакна дека по тест-периодот на системот, возењето во главниот град е значително смирено. Граѓаните веднаш го намалиле бројот на прекршоците по воведувањето на опомените, а системот ќе регистрира четири клучни прекршоци: брзо возење, минување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање.
– „Преку опомените народот многу брзо изреагира. Бројот на прекршоци се намали за повеќе од три пати – од над 110.000 на 30.000 во текот на два дена. Нашиот паметен народ веднаш го смири начинот на возење,“ изјави Топаловски во поткастот „Радар“.
Казни предвидени со Законот за прекршоци:
- Пречекорување на брзина: до 20 km/h над дозволеното: 20 евра 20–30 km/h: 45 евра 30–50 km/h: 300 евра + забрана 3–12 месеци над 50 km/h: 400 евра + 4 казнени поени + забрана минимум 12 месеци во населено место: до 500 евра со задолжителна забрана
- до 20 km/h над дозволеното: 20 евра
- 20–30 km/h: 45 евра
- 30–50 km/h: 300 евра + забрана 3–12 месеци
- над 50 km/h: 400 евра + 4 казнени поени + забрана минимум 12 месеци
- во населено место: до 500 евра со задолжителна забрана
- Минување на црвено светло: 250 евра + забрана 3–12 месеци; кривична одговорност ако има опасност или незгода.
- Истечена сообраќајна дозвола: 100 евра за возач, 250 евра за сопственик.
- Неправилно паркирање: 30 евра (стандардно), 45 евра (ако се попречува сообраќај), 50 евра (место за лица со попреченост).
- Попуст за навремено плаќање: 50% од износот ако се плати во рок од 8 дена.
- Автоматска забрана за управување: Три забрани во рок од четири години значат губење на дозволата; повторно полагање најрано по една година.
Собранието со 81 глас „за“ ја донесе измената на Законот за прекршоците, отворајќи го патот од 1 февруари за почеток на системот „Безбеден град“, со цел зголемена безбедност во сообраќајот и заштита на човечки животи.

















