ПРВ.мк
Топ Вести

(ФОТО) ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Македонија се приклучи на најголемата европска младинска спортска платформа!

(ФОТО) ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Македонија се приклучи на најголемата европска младинска спортска платформа!
Kristal

Македонија стана дел од најголемата младинска спортска платформа во Европа – „Плазма Спортските игри за млади“. Со официјалното потпишување на договорот, нашата земја се приклучува кон големото регионално спортско семејство, со цел да се развива младинскиот спорт и да им се обезбеди на децата еднаква можност да учествуваат во спортски активности.

Проектот им овозможува на сите млади да облечат дрес, да се натпреваруваат на теренот и да научат вредности како тимска работа, фер-плеј и здрав начин на живот. „Плазма Спортските игри за млади“ не се само натпреварување – тие се инвестиција во карактерот, самодовербата и иднината на нашите деца.

Министерството за спорт ќе биде активен и посветен партнер во реализацијата на проектот, со цел да ја промовира спортската култура и да вложи во иднината на младите генерации во Македонија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo