Необична и вознемирувачка сцена се случи на Клиниката за детска хирургија во Приштина, каде двајца хирурзи се впуштија во вистинска тепачка среде ходникот на болницата. Според првите информации, конфликтот започнал на состанок и ескалирал до физичка пресметка меѓу колегите, пренесува Телеграф.
Колегите и медицинскиот персонал биле целосно изненадени и едвај успеале да ги разделат двајцата лекари, кои очигледно одлучиле своите несогласувања да ги решат со песници. На видеото што се појави на социјалните мрежи, се гледа како лекарите разменуваат жестоки удари, па дури и паѓаат на подот, продолжувајќи го конфликтот во опасен клинч, сè додека друг колега не интервенирал и не ги разделил.
Настанот предизвика шок меѓу пациентите и нивните семејства, а случајот е пријавен до надлежните за дополнителна постапка и истрага.


















