ПРВ.мк
Топ Вести

НОВА ЕРА ЗА МАКЕДОНИЈА: Во оваа компанија ќе се произведуваат панцири, шлемови и дронови - еве од кога!

НОВА ЕРА ЗА МАКЕДОНИЈА: Во оваа компанија ќе се произведуваат панцири, шлемови и дронови -  еве од кога!
Kristal

Прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“, која долго време се наоѓаше на листата на загубари во земјава, е продадена за 4,2 милиони евра на комбинација од полска компанија и македонска фирма од Скопје.

Фабриката имаше неизвесна судбина повеќе од 15 години и од 2021 година беше во стечај. Стечајниот судија Јасмина Шишковска од прилепскиот суд го одобри планот за реорганизација, што овозможи фабриката да биде продадена и првата рата веќе да биде исплатена на доверителите.

Сумата од 4,2 милиони евра покрива 65% од побарувањата на доверителите, кои се согласиле со планот. Парите ќе се исплаќаат во четири рати, првата од кои беше уплатена кон крајот на декември 2025 година. Поранешниот вработен и доверител, Цветан Бунтески, истакна дека, иако 65% не е целосно задоволувачка сума, тоа е подобро од целосна ликвидација.

Според планот за реорганизација, во фабриката ќе бидат ангажирани 150 до 200 работници, а веќе се преземени првите чекори за промена на инсталациите. Поранешните вработени се скептични, но се надеваат на рестартирање на производството.

– „Фабриката не е во многу добра состојба сега, но новите сопственици почнаа да ја менуваат инсталацијата за вода и струја и веќе ангажираа некои од поранешните работници. Неофицијално се очекува да се произведуваат панцири, шлемови и дронови. Времето ќе покаже како ќе заживее овој некогашен гигант во наменската индустрија“, вели Бунтески.

На судските рочишта се појавувале само претставниците на полската компанија, додека македонската фирма не била присутна.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo