Во Свети Николе, на 07.02.2026, 65-годишен маж од Свети Николе е лишен од слобода од полициски службеници од ОВР Свети Николе.
Според пријавата, околу 21:30 часот во семејниот дом, мажот со остар предмет им упатувал закани на своите два сина, а еден од нив бил и физички нападнат.
При приведувањето, било констатирано дека 65-годишникот бил под дејство на алкохол, со измерени 2,16 промили во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

















