ПРВ.мк
Топ Вести

ВУЧИЌ СО ЈАСНА ПОРАКА: Третата светска војна е веќе тука, само што не ни е соопштено - еве што следува!

ВУЧИЌ СО ЈАСНА ПОРАКА: Третата светска војна е веќе тука, само што не ни е соопштено - еве што следува!
Kristal

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сегашните глобални конфликти постепено ескалираат и можеби веќе се трансформираат во широка светска конфронтација, која не ја нарекуваме „Трета светска војна“ само поради терминологијата. Во интервју за германскиот весник Берлинер Цајтунг, Вучиќ изрази загриженост дека светот се движи кон целосен хаос и дека ситуацијата во следниот месец може да стане многу критична.

Претседателот посочи дека постои реална можност за употреба на тактичко нуклеарно оружје, додавајќи дека тоа не е апсолутно невозможно во одреден момент на ескалација.

Вучиќ посебно ја нагласи борбата за ресурси – нафта, гас и ретки метали – како еден од главните двигатели на конфликтите, потсетувајќи дека токму таквите процеси биле основа на претходните светски војни, кои првично започнале како регионални судири.

Тој додава дека геополитичките блокови се формираат на различни континенти, со интереси кои се премногу различни за да се постигнат компромиси, што дополнително ја зголемува опасноста од ескалација. Вучиќ заклучува дека избегнувањето на глобален конфликт ќе биде исклучително тешко и дека не постои едноставно решение за деескалација на моменталната ситуација.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape