ПРВ.мк
Свет

Зошто директорот на ФБИ носи вратоврска од ЛИВЕРПУЛ НА СОСЛУШУВАЊАТА?

Зошто директорот на ФБИ носи вратоврска од ЛИВЕРПУЛ НА СОСЛУШУВАЊАТА?

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, на сослушувањето пред Комитетот за правосудство на американскиот Сенат во вторникот се појави со вратоврска со грбот на фудбалскиот клуб Ливерпул, што веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Пател одговараше на сериозни и чувствителни теми, вклучувајќи ја истрагата за атентатот врз Чарли Кирк и отпуштањето на вработените кои го истражуваа нападот на Капитол на 6 јануари. И покрај напнатата атмосфера и жестоките расправии со сенаторите, токму неговата модна „изјава“ го привлече најголемото внимание.

Ова не е прв пат Пател јавно да носи вратоврска со Ливерпул – претходно е виден со слична на 12 декември 2024 година и на 9 април оваа година, што покажува дека фудбалскиот клуб е вистинска страст за него.

Escape