ПРВ.мк

Зеленски го изненади светот: “Ќе преговараме за територијата, но под еден услов”

Зеленски го изненади светот: “Ќе преговараме за територијата, но под еден услов”
Jumbo Banner

Зеленски: „Ќе разговараме за територијални прашања – но само по целосен и безусловен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев изјави дека Украина е подготвена да разговара за територијални прашања, но дури по целосен и безусловен прекин на огнот.

„Целосен и безусловен прекин на огнот отвора можност да се зборува за сè“, истакна Зеленски пред новинарите, пренесува Би-би-си.

Зеленски се осврна и на изјавата на Доналд Трамп, кој во интервју за магазинот „Тајм“ рече дека „Крим ќе остане руски“. Украинскиот претседател реагираше на тоа со ставот дека Крим е и останува дел од Украина.

„Она што го кажа претседателот Трамп е точно – денес навистина немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Крим. Но, нашиот став не е променет – Крим припаѓа на Украина и само украинскиот народ има право да одлучува за тоа“, порача тој.

Зеленски потенцираше дека Уставот на Украина е јасен и недвосмислен кога станува збор за територијалниот интегритет на државата.

„Сите привремено окупирани територии се украински. Тоа го вели нашиот Устав, и тоа го чувствува секој граѓанин на Украина“, додаде тој.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран