ПРВ.мк

Зеленски: Бројот на Руски напади се зголемува

Зеленски: Бројот на Руски напади се зголемува
Jumbo Banner

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека притисокот врз Русија не е доволен и дека бројот на напади врз Украина се зголемува.

„Притисокот врз Русија сè уште не е доволен, а тоа го докажуваат секојдневните руски напади врз Украина… Се зголемува бројот на воздушни напади. Така Русија ги покажува своите вистински намери – да продолжи со теророт додека светот тоа го дозволува“, напиша Зеленски на Телеграм, пренесе „Украинска правда“, пренесува Танјуг.

Папата Франциско неочекувано се појави пред верниците на крајот од мисата

Зеленски објави дека во текот на изминатата недела, руските сили користеле повеќе од 1.460 воздушни бомби, речиси 670 нападни беспилотни летала и повеќе од 30 проектили од различни типови.

„Таквите напади се одговор на Путин на сите меѓународни дипломатски напори. Секој од партнерите виде, Америка, цела Европа, целиот свет, дека Русија ќе продолжи да се бори и да убива“, посочи тој.

Според него, не може да има намалување на притисокот.

ELS

Неопходно е да се насочат сите сили кон обезбедување безбедност и приближување на мирот“, нагласи Зеленски.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран