ПРВ.мк

Ѓорѓиевски: Сите училишта во Кисела Вода добиваат фотоволтаици

Ѓорѓиевски: Сите училишта во Кисела Вода добиваат фотоволтаици

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека сите основни училишта на територијата на општината до средината на мај ќе бидат покриени со фотоволтаични системи, што претставува дел од пошироката стратегија за енергетска ефикасност и одржлив развој.

Досега, фотоволтаици се поставени во училиштата „Кирил Пејчиновиќ“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Партенија Зографски“ и „Круме Кепески“. Се работи за он-грид системи со капацитет до 20 киловати, кои ќе овозможат значително намалување на потрошувачката на електрична енергија и пренасочување на заштедените средства кон подобрување на наставниот процес.

„Со овој проект не само што заштедуваме енергија и ги намалуваме трошоците, туку и директно инвестираме во подобри услови за образование. Нашата визија за модерна и еколошки одговорна општина продолжува“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за образование, Бирото за регионален развој и Скопскиот плански регион, како и до сите институции кои помогнаа за реализација на проектот.

Vero
Agria