ПРВ.мк

Браќата од Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле

Браќата од Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле

Основното јавно обвинителство во Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке, кои се осомничени дека како соизвршители го извршиле кривичното дело – убиство, согласно член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие го лишиле од живот нивниот соселанец. Во ноќта меѓу 24 и 25 март, тие се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор, објаснувајќи му дека сака да купи ракија. По тоа, го удрил со мотика по главата и заедно го влечеле, при што му нанеле уште неколку удари со предмет. По пребарувањето на џебовите од жртвата, одзеле 6.000 денари кои ги поделиле, а потоа ја пребарале куќата и помошните простории. На крај, телото го полеале со бензин и нафта, го запалиле и го фрлиле во дупка покрај реката, покривајќи го со дрвја и камења.

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово донесе одлука за притвор на двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на случајот ќе бидат задржани во краткотраен притвор од 48 часа.

Agria