ПРВ.мк
Свет

ВОЕНА МУНИЦИЈА ОСТАВЕНА БЕЗ НАДЗОР – ИЗВРШЕНА КРАЖБА, ЕВЕ ШТО Е УКРАДЕНО!

ВОЕНА МУНИЦИЈА ОСТАВЕНА БЕЗ НАДЗОР – ИЗВРШЕНА КРАЖБА, ЕВЕ ШТО Е УКРАДЕНО!
Kristal

Непознати сторители украле околу 20.000 куршуми што припаѓале на германските вооружени сили (Бундесвер), од камион на цивилна транспортна компанија кој преку ноќ бил оставен на необезбеден паркинг во покраината Саксонија-Анхалт.

Германското Министерство за одбрана потврди дека возачот на ангажираната цивилна компанија го паркирал камионот натоварен со муниција во индустриска зона кај градот Бург, а потоа заминал да преноќи во хотел, оставајќи го товарот без никаков надзор.

Според прелиминарната истрага, крадците во текот на ноќта го отвориле товарниот простор и украле неколку сандаци со муниција. Кражбата била откриена дури следниот ден, кога возачот се појавил за да ја испорача стоката во блиската касарна. Исчезнале околу 10.000 куршуми бојева муниција за пиштоли, 9.900 маневарски куршуми за јуришни пушки, како и таканаречени димни бомби.

„Кражбата ја сфаќаме многу сериозно, бидејќи ваков вид муниција не смее да заврши во погрешни раце“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана.

Извори од Бундесверот сметаат дека е мала веројатноста станува збор за случајна кражба. Можно е сторителите претходно да го забележале транспортот и да ја искористиле паузата на возачот во Бург за да ја изведат кражбата.

FixCredit
Atensa 300
Escape