ПРВ.мк

Во Кина се гради највисокиот мост во светот – инженерски подвиг на 625 метри над река

Во Кина се гради највисокиот мост во светот – инженерски подвиг на 625 метри над река

Кина во јуни ќе го пушти во употреба највисокиот мост во светот, најновото инженерско достигнување на држава која постојано инвестира во инфраструктура. Мостот преку големиот кањон Хуаџијанг се гради во провинцијата Гуиџоу, на југозападот на Кина, и е при крај.

Овој висечки мост ќе биде висок 625,14 метри над нивото на реката, што е речиси 289 метри повеќе од актуелниот рекордер, мостот Мијо во Франција.

Провинцијата Гуиџоу е планински регион со сложен релјеф, а мостот ќе го премостува драматичниот голем кањон Хуаџијанг, познат и како „земјена пукнатина“.

Откако ќе биде пуштен во употреба, возачите на автомобили и камиони ќе можат значително полесно да го поминат овој предизвикувачки предел. Според државните медиуми, времето за патување преку кањонот ќе се скрати од два часа на само една минута.

Vero

Изградбата на висечкиот мост, направен од челична конструкција со вкупна должина од 2,9 километри, започна официјално на 18 јануари 2022 година и се очекува да биде завршена до 30 јуни 2025 година, јавуваат локалните медиуми во Гуиџоу.

Целокупната тежина на челичната конструкција е околу 22.000 тони – што е еквивалентно на тежината на три Ајфелови кули.

Во моментов, речиси половина од 100. највисоки мостови на светот се наоѓаат токму во Гуиџоу, што ја позиционира оваа кинеска провинција како глобален центар на мостоградбата

Извор: Euronews.rs
Фото: Screenshot/YouTube

Agria