ПРВ.мк

Во Газа, 90 отсто од населението нема сигурен пристап до вода, 80 отсто нема пристап до храна

Во Газа, 90 отсто од населението нема сигурен пристап до вода, 80 отсто нема пристап до храна
VERO Banner

Поради израелската блокада на испораката на помош преку копнените премини, 90% од населението во Газа нема сигурен пристап до вода, а 80% од граѓаните го изгубиле пристапот до храната, објави Службата за соработка со медиумите во Газа.

Недостигот на леб се влошува, бидејќи 25% од пекарите во Газа престанале со работа, а останатите се на работ на затворање поради недостиг на гориво. Кризата со водата се влошува, бидејќи недостигот на гориво ги затвори бунарите и водоснабдителните инсталации, оставајќи 90% од населението без сигурен пристап до вода, се наведува во соопштението што го пренесе Ал Џезира.

Во истото соопштение се додава дека многу програми за управување со отпад и расчистување на патиштата се стопирани, бидејќи општините ги насочуваат своите ресурси за гориво кон водоводните претпријатија.

Се истакнува дека блокадата на помошта предизвикала сериозна здравствена и еколошка криза, особено со растечките температури.

Дополнително, недостигот на лекови и медицински материјали сериозно ги погоди 150.000 пациенти со хронични болести и ранети, додека транспортните и комуникациските системи се блиску до целосно урнисување.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран