ПРВ.мк

Москва се огласи после состанокот на Путин и Виткоф: Што е договорено во моментов?

Москва се огласи после состанокот на Путин и Виткоф: Што е договорено во моментов?
VERO Banner

Кремљ потврди дека во четвртокот навечер се одржал состанок помеѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и Стив Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е договорен разговор меѓу Путин и Трамп, но не и времето за одржување на разговорот.

„Точно време за кога ќе се одржи разговорот уште не е договорено“, рече Песков.

„Откако господин Виткоф ќе ги пренесе сите информации што ги добил во Москва на својот претседател, тогаш ќе го одредиме времето на разговорот“, додаде Песков и нагласи дека „постојат разбирања“ во двете земји дека „разговорот помеѓу претседателите е неопходен“.

Песков изјави и дека има причини за внимателен оптимизам во врска со решавањето на ситуацијата во Украина. Потсетуваме, претходно американскиот советник за национална безбедност, Мајк Волц, изјави дека Вашингтон со внимателен оптимизам гледа на можностите за решение на украинскиот конфликт и дека ќе се донесат одлуки за следните чекори врз основа на информациите од специјалниот пратеник Стив Виткоф, кој ја посети Москва.

„Секако, постојат причини за внимателен оптимизам“, изјави Песков за новинарите, коментирајќи ги зборовите на Волц.

Тој истакна и дека Русија добила дополнителни информации од САД за Украина.

Песков повтори дека „Путин го поддржува ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за решавање на ситуацијата во Украина“, но исто така изнел некои прашања на кои треба заедно да се одговори.

„Вчера слушнавте многу важна изјава од претседателот Путин. Одговарајќи на прашањето на новинарите, тој рече дека го поддржува ставот на претседателот Трамп за решавање на конфликтот, но исто така изнел некои прашања на кои треба заеднички да се одговори. Значи, да, навистина, многу работи треба да се направат, но сепак, претседателот изрази солидарност со ставот на господинот Трамп“, рече Песков.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран