За време на дванаесеттиот Глобален форум во Баку, Азербејџан, се одржала средба меѓу македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај.
,,Разговаравме на повеќе теми од заемен интерес за нашите земји и нашите народи.
Изразивме задоволство од досегашниот политички дијалог, соработката на билатерален план, како и во различни регионални, или мултилатерални иницијативи.
Соработката и сојузништвото во рамки на НАТО преку координации и заеднички делувања за прашања од заеднички интерес се значајни за безбедноста на регионот на Западен Балкан.

Подготвени сме за натамошно продлабочување на севкупната соработка, со што ќе придонесеме и за регионалниот развој и интеграцијата на двете држави во Европската Унија”, се вели во соопштението на кабинетот на Сиљановска Давкова.
