ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Трамп повторно го нападна Зеленски: „Не е добра личност, не сум негов обожавател“

(ВИДЕО) Трамп повторно го нападна Зеленски: „Не е добра личност, не сум негов обожавател“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, оценувајќи дека со него е потешко да се постигне договор отколку со рускиот претседател Владимир Путин.

Во интервју за американската телевизија „Њузмакс“, Трамп изјави дека не е задоволен од пристапот на Зеленски кон мировните преговори.

„Зеленски не е добра личност за соработка. Тој не сака договор. Вели дека сака, но не сака. Не, не сум негов голем обожавател“, изјави Трамп.

Американскиот претседател ги критикуваше и украинските напади врз руските нафтени рафинерии, тврдејќи дека тие придонесуваат за зголемување на светските цени на горивата.

„Кога Зеленски напаѓа рафинерии, сè што прави е да ја зголемува светската цена на нафтата“, рече Трамп.

Односите меѓу двајцата претседатели дополнително се влошија по најавениот договор меѓу Вашингтон и Москва за ублажување на санкциите поврзани со руската нафта.

Зеленски претходно изјави дека се чувствува изневерено од одлуките на американскиот претседател.

Трамп повторно го отвори и прашањето за одржување избори во Украина, доведувајќи ја во прашање поддршката за Зеленски во услови на војна.

„Мислам дека е потешко да се има работа со Зеленски отколку со Путин“, повтори американскиот претседател.

Тој зборуваше и за американското вооружување, најавувајќи зголемување на резервите на системите „Патриот“ и ракетите „Томахавк“, кои сојузниците би можеле да ги купуваат по нивното обновување.

И покрај острите критики, Трамп изрази надеж дека ќе биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.


Видео: