ПРВ.мк

ВИДЕО: Снимен моментот на земјотресот во породилиште во Мјанмар

ВИДЕО: Снимен моментот на земјотресот во породилиште во Мјанмар
Jumbo Banner

На социјалните мрежи стана вирално видео од Мјанмар, на кое се гледаат медицински сестри во породилиште како се обидуваат да ги заштитат бебињата за време на вчерашниот земјотрес, додека целата зграда се тресе и се ниша.

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар вчера се зголеми на повеќе од илјада, а спасувачките екипи очајнички ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.

Водачот на војската на Мјанмар прогласи вонредна состојба и побара од сите кои можат да помогнат, да излезат на терен. Организацијата на Обединетите нации веќе е во контакт со властите на Мјанмар.

Според податоците на USGS, епицентарот на земјотресот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, афтершок со јачина од 6,4 ја погоди истата област.

Погледнете го видеото:

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран