По драматичниот пресврт на Блискиот исток, кога во последен момент беше избегната ескалација и најавено двонеделно примирје меѓу САД, Иран и Израел, социјалните мрежи експлодираа – но не поради мирот, туку поради скандалозен видео-снимок кој стана вирусен.
Во центарот на вниманието се најде Доналд Трамп, прикажан во необична ситуација додека слегува од скали со бела знамиња. Клучниот детал што ја зголеми бурата е дека станува збор за видео генерирано со вештачка интелигенција, кое многумина го толкуваат како отворено исмејување.
Само неколку часа пред потенцијалната ескалација, постигнат е договор за двонеделно примирје, кое вклучува и отворање на Ормускиот Теснец за трговија.
Сепак, и покрај формалниот договор, состојбата на терен останува неизвесна – аналитичарите предупредуваат дека ова е привремено и кревко решение, а не траен мир.
Во исто време, интернет-просторот „префрла“ конфликтот во дигиталната сфера. Спорното видео, кое првично се споделувало на социјалните мрежи, прикажува манипулиран материјал кој изгледа речиси реално. Тоа предизвика поделени реакции: едни тврдат дека станува збор за сатира и безазлена шега, додека други предупредуваат на опасноста од дезинформации и манипулација на јавноста.
Во ерата на вештачката интелигенција, ваквите содржини стануваат се пософистицирани, а границата помеѓу реалноста и лажното станува сѐ потенка. Видео-снимокот брзо собра илјадници реакции и коментари, а многумина корисници и не се свесни дека гледаат AI-содржина, што дополнително ја комплицира ситуацијата во време на глобална криза.
И покрај најавеното примирје, многу детали остануваат нејасни, а прашање е колку договорот навистина ќе опстане.










