ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Серија удари: Украински дронови го потопија бродот што носел иранско оружје!

(ВИДЕО) Серија удари: Украински дронови го потопија бродот што носел иранско оружје!

Украинските специјални сили спроведоа прецизен удар врз руското пристаниште Оља, во регионот Астрахан, погодувајќи брод кој, според извештаите, пренесувал компоненти за иранските дронови „Шахед“ и муниција. Истовремено, рано наутро, украински беспилотни летала извеле уште еден напад – овој пат на рафинерија во градот Сизран, во рускиот регион Самара.

Според Генералштабот на Украина, нападот бил извршен во четврток, во соработка со Специјалните операции и други одбранбени единици. Целта била да се ослабат способностите на Русија за спроведување воздушни напади.

Пристаништето Оља е од клучно значење за руската воена логистика, особено за увоз на опрема од Иран. Нападнатиот брод, наречен „Порт Оља 4“, според украинските извори, пренесувал делови од беспилотни летала и муниција. Точната проценка на штетата сè уште е во тек.

Паралелно со овој удар, дронови лансирани од Краснодар погодија рафинерија во Сизран. Жителите на градот пријавиле до 10 експлозии околу 4 часот наутро, а на социјалната мрежа Телеграм веќе се појавија видеа и фотографии од голем пожар.

Во моментот на објавување, украинските власти сè уште немаат официјален коментар за овие акции.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека преку ноќ биле соборени 53 украински дронови, без да даде дополнителни детали за оштетувањето на теренот.

ВИДЕО

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape