ПРВ.мк
Свет

Нов моќен светски поредок: Путин и Си Џинпинг ја истакнуваат соработката на самитот на ШОС

Нов моќен светски поредок: Путин и Си Џинпинг ја истакнуваат соработката на самитот на ШОС

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин настапија заедно на дводневниот самит на Шангајската организација за соработка (ШОС), што се одржа во кинескиот град Тјанџин. Настанот собра повеќе од 20 светски лидери, меѓу кои индискиот премиер Нарендра Моди и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Си Џинпинг ја претстави својата визија за глобално управување, истакнувајќи дека треба да се зајакне соработката меѓу земјите-членки на ШОС, како и да се олесни трговијата и инвестициите. Тој најави финансиска поддршка од 2 милијарди јуани во форма на грантови и 10 милијарди јуани кредити за земјите-членки во следните три години.

Путин, пак, изјави дека ШОС поставува нови основи за безбедност во Евроазија, кои би можеле да претставуваат алтернатива на постојните западни модели. Тој го искористи настапот за да ја изложи позицијата на Русија во врска со конфликтот во Украина и ја нагласи улогата на Кина и Индија во можните решенија.

Самитот се одржува во време на глобални геополитички тензии и беше оценет како еден од најголемите дипломатски настани организирани од Кина оваа година.

Escape